Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, наводно, му поставил конкретен рок на рускиот лидер Владимир Путин за да покаже дали навистина има волја да стави крај на војната во Украина. Од Кремљ, пак, денеска соопштија дека рускиот претседател во моментов нема намера да се сретне со Трамп.
„Ќе дознаеме дали само не замајува или не. Ако е така, ќе реагираме поинаку. Но, тоа ќе потрае околу една и пол до две недели“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба во средата.
Тој повторно го предупреди Путин дека си „игра со оган“ со продолжувањето на војната. На новинарско прашање дали рускиот претседател навистина сака да стави крај на конфликтот, Трамп одговори:
„Не можам да ви кажам сега, но ќе знам за околу две недели.“
Трамп изрази и незадоволство од последниот бран ракетни и дрон напади од Русија врз украински територии.
„Кога гледам како ракети паѓаат врз градови, тоа не е добро. Нема да го дозволиме тоа“, изјави поранешниот претседател.
И покрај овие изјави, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Владимир Путин нема во план да оствари директен контакт со Трамп.
Сите овие изјави доаѓаат во период кога руското Министерство за одбрана објави дека нивните сили во четвртокот презеле контрола врз уште три села во источна Украина.







