Атина – Грчкиот совет за безбедност (KYSEA) го одобри купувањето на четвртата фрегата „Белхара“ од Франција, соопшти Ројтерс. Овој потег е дел од плановите на Грција да ја модернизира својата армија и да се справи со историскиот спор со Турција околу морските граници.
Состанокот на KYSEA се одржа по најавата на Анкара дека ќе спроведе научни истражувања во Егејското Море. Грција во 2021 година се согласи да купи нови фрегати „Белхара“ за околу 3 милијарди евра, со опција за уште една, со цел да ги замени старите бродови кои се во употреба повеќе од 30 години.
Високи владин претставник потврди дека четвртата фрегата е одобрена, а министерот за одбрана Никос Дендиас нагласи дека новиот брод ќе биде вооружен со балистички ракети.
Очекувањата се купувањето наскоро да биде одобрено и од парламентарната комисија. Грција планира да инвестира повеќе од 25 милијарди евра во следните десет години за нови борбени авиони Ф-35 од САД, подморници, беспилотни летала и систем за воздушна одбрана „Ахилов штит“.






