Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики: Заштитник на слабите и несреќни луѓе – не правете го ова

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-02-02
in Uncategorized
Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики: Заштитник на слабите и несреќни луѓе – не правете го ова

Православната црква и верниците денеска го слават празникот на Преподобниот Ефтимиј Велики, голем светител кој уште за време на животот го почитувале и нарекувале син на светлоста.

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше дем они, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Во првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден.

За време на неговиот живот во негова близина се создаде огромна лавра, којашто после со векови беше преполна со монаси како кошница со пчели. Неговата последна заповед беше да го чуваат гостољубието во манастирот и манастирската порта никогаш да не биде затворена. Замина во деведесет и седмата година од животот.

Поради животот кој го посветил на други и учењето за тоа дека човек мора да пружи помош, дури и на непознати, Преподобниот Ефтимиј и денеска се смета за заштитник на слабите и несреќни луѓе.
Се смета дека е голем грев на ден да се избрака просјак од прагот или да се одбие да се помогне на некој кој бара помош. Ако тоа го направите, народот верува дека ќе се навреди Ефтимиј, а потоа животот ќе ви помине без негов благослов и ништо нема да ви оди од рака.

Previous Post

Ќе се даваат ваучери за туризам од 250 евра по семејство

Next Post

За „Јавна соба“ паника, за претепана и силувана девојка шест месеци се чека обвинение, сторителот на слобода!

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
За „Јавна соба“ паника, за претепана и силувана девојка шест месеци се чека обвинение, сторителот на слобода!

За „Јавна соба“ паника, за претепана и силувана девојка шест месеци се чека обвинение, сторителот на слобода!

Recommended

Уапсени студенти во Србија поради наводен државен удар – вечерва итен протест во Белград

5 months ago

Поради „Безбеден град“ ќе се менуваат 5 закони – официјално стартува во 2026!

10 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.