Министерот Крешник Бектеши најави дека при крајот на првиот квартал од годинава ќе биде објавен јавниот повик за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија. Тие ќе бидат наменети за семејства со приходи пониски од 30.000 денари.
„Ќе има различни критериуми од претходно издадените ваучери во време на пандемија. Вредноста на секој ваучер ќе биде 250 евра за семејствата кои се најпогодени и имаат приходи помалку од 30.000 денари”, рече Бектеши.
Тој за време на посетата на компанијата „Раде Кончар ТЕП” изјави дека очекува овој месец да биде клучен за реализација на мерките од петтиот пакет економски мерки и ја повика опозицијата да гласа во Собранието за да се усвои гарантната шема.
Бектеши пред некој ден рече дека во петтиот пакет мерки има две опции или исплата на плати или бескаматни кредити со 12 месеци грејс период и 3 години рок на исплата преку МБПР.
Ќе видиме во следниот период што од ветеното од петтиот пакет Владата ќе оствари.






