За Ана девојката што и објавија слики од инстаграм на Јавна Соба апели за поддршка,па средби со министри…
НО, за Моника Јовановска од Велес-ШТАМА
Била претепана па силувана,со поднесена кривична пријава уште од Август. Сторителот е на слобода.
Ми се гади од вашето лицемерие! – пишува граѓанин на Твитер.
Тој во прилог на твитот ги постираше фотографиите од девојката за која вели дека има поднесено кривична пријава уште во месец август лани. Дел од Твитер заедницата коментира дека девојката чека повеќе од шест месеци за да постапат надлежните институции.
Девојкава у болница завршила. Листа на повреди до недоглед. Место да го уапсат тој си се шета лабаво низ Велес. Траумите кој ќе и ги излекува? – прашува граѓанинот именуван како „Шефот“ на Твитер.

Твитер заедницата коментира дека има многу вакви примери на девојки, најголем дел од нив непознати за јавноста, кои немаат познати профили на социјалните мрежи, па двојни аршини се на надлежните институции што не постапуваат по таквите случаи.
Очигледно во Македонија властите преземаат иницијатива за барање на сторителите на ваквите дела само откако ќе се крене бука и реакции од јавноста.
Жртви на вакви кривични дела се бројни, жално е за жртвите, а за осуда се сторителите, надлежните иституции треба поажурно да ги следат, но да и добијат судска разрешница ваквите случаи кои доколку не се икоментираат во јавноста неретко завршуваат без епилог,а сторителите остануваат на слобода неказнети, со веројатност да го повторат делото.






![Двојната олимписка шампионка се појави на НБА натпревар и ги привлече сите погледи, еве зошто [ФОТО/ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-08-181419.png)
