Државното изборно повјеренство ги објави привремените резултати од вториот круг на локалните избори, при што се обработени над 99 отсто од гласачките места во трите најголеми хрватски градови – Загреб, Сплит и Ријека.
Во Загреб, по обработени 99,67% од гласачките места, Томислав Томајшевиќ води со 130.517 гласови, додека неговата противкандидатка Марија Селак Распудиќ освои 96.243 гласови.
Во Сплит, каде се обработени 99,39% од избирачките места, води Томислав Шута со 30.468 гласови, додека Ивица Пулјак доби 26.765 гласови, што укажува на нова политичка рамнотежа во вториот по големина хрватски град.
Изненадување се случи во Ријека, каде што по обработени 99,01% од гласовите, независната кандидатка Ива Ринчиќ освои 19.498 гласови, убедливо водeјќи пред Марко Филиповиќ, кој доби 10.522 гласови.
Официјалната потврда на резултатите се очекува откако ќе се обработат сите гласачки места.







