По години игнорирање, „Мета“ конечно подготвува официјална Instagram апликација за iPad, потврдувајќи дека промените во дигиталниот пејзаж го диктираат темпото на иновации.
Досега, корисниците на iPad беа принудени да користат само зголемена iPhone верзија на Instagram, но наскоро ќе добијат целосно адаптирана апликација за својот уред. Оваа вест доаѓа во момент кога TikTok се соочува со голема правна несигурност во САД, а Мета очигледно го гледа тоа како можност за повторно доминирање на пазарот.
Иако во 2022 година компанијата изјави дека нема доволно корисници на iPad за да оправда развој на посебна апликација, изгледа дека стратегијата е променета. Веројатно под притисок на новите услови на пазарот, Мета одлучи дека секоја дигитална ниша вреди да се освои.
Точен датум за објавување на новата апликација сè уште не е познат, но аналитичарите очекуваат дека овој потег може значително да ја засили позицијата на Instagram кај повисоката и попрофесионална корисничка база што ја користи iPad.







