Милвоки/Лос Анџелес/Белград – Драма како од шпионски трилер: британски државјанин и неговиот кинески соработник се обвинети од САД за шверц на чувствителна американска воена технологија кон Кина, но и за организиран прогон на критичар на кинеската власт во срцето на Америка!
Федералните обвинители ги објавија деталите во петокот – 63-годишниот Џон Милер и 43-годишниот Цуи Гуангаи се товарaт со тешки обвиненија за меѓудржавна шпионажа, заговор, шверц и нарушување на Законот за контрола на извозот на оружје.
Според американското Министерство за правда, ова не е обичен случај на шпионажа. Обвинетите наводно следеле, вознемирувале и заплашувале уметник во САД кој јавно ја критикувал кинеската власт – дури и му ги дупеле гумите на автомобилот и поставиле таен уред за следење. Отишле толку далеку што купиле и уништиле скулптури од кинескиот претседател Си Џинпинг, направени од уметникот, а потоа платиле 36.500 долари на трети лица за да го замолчат и да го натераат да ги повлече фотографиите од интернет.
„Ова е дрзок напад врз нашата национална безбедност и врз слободата на говор во Америка“, изјави заменик-главниот обвинител Тод Бланш, додека ФБИ ги потврди сомнежите за странско влијание и организиран прогон.
Најшокантно: и двајцата обвинети моментално се наоѓаат во Србија, каде што биле уапсени во април. САД сега бараат нивна екстрадиција, а британското Министерство за надворешни работи потврди дека му пружа конзуларна поддршка на Милер.
Ако бидат осудени, ги чекаат затворски казни до 40 години. Американските власти предупредуваат дека случајот е „аларм за широка операција на влијание од странски држави“ на територијата на САД.






