Кремљ откри: Путин ја закажа „Директната линија“ за декември
Рускиот претседател Владимир Путин во декември ќе одржи традиционална конференција за печатот, позната како „Директна линија“, на која во живо ќе одговара на прашања од граѓаните.
Ова денеска го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласувајќи дека годинава настанот ќе биде одржан во комбиниран формат – заедно со големата годишна прес-конференција. „Во 2025 година, ‘Директната линија’ е планирана за декември и ќе биде споена со традиционалната прес-конференција на претседателот“, изјави Песков за Телеграм-каналот на Јунашев, пренесе ТАСС.
Иако точниот датум сè уште не е утврден, познато е дека Путин на 17 септември веќе ѝ наложи на владата и на својата администрација да започнат со подготовките.
Минатата година „Директната линија“ и големата прес-конференција беа одржани на 19 декември, во комбиниран формат под наслов „Година во преглед со Владимир Путин“.







