Од 3 до 20 години затвор му се закануваат на Али Ахмети и Интегративците, ако се остварат неговите закани, дека ДУИ нема да дозволи поставување на гласачки кутии за локалните избори. Лидерот на интегративците од Липково испрати порака дека ако се допре или промени законот за јазици, тие нема да дозволат одржување на изборниот процес во октомври.
Евентуално исполнување на оваа најава би значело дека Ахмети ќе го прекрши членот 158 од Кривичниот законик. Таму во став еден се вели дека тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање, или го оневозможува или спречува објавувањето на резултатите, ќе се казни со затвор од најмалку три години.
Во ставот два е дополнето дека ако тоа се направи со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, како и со примена на насилство кон две или повеќе лица или во организирана група, како и на две или повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.
-Легитимно право на политичка партија е да учествува или да не учествува, да ги бојкотира или да не ги бојкотира изборите, преземање дејствија, не само најава во тој случај, него преземање на дејствија во насока на спречување на одржување на избори или како што вие велите, таа изјава изворно не сум ја прочитал, ако се работи за спречување на поставување изборни кутии. Точно, е казниво по член 158 е казниво со најмалку три години, доколку се употребува насилство, оружје тогаш е на ниво на казна за убиство, односно е најмалку пет години, со горната граница од КЗ до 20 години, изјави адвокатот Јанаки Митровски за Алфа.
Функционерите на ДУИ може да сторат тешки кривични дела и доколку им се закануваат на своите членови да не гласаат на изборите. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека тоа е казниво со член 160 од Кривичниот законик. Каде што исто така е предвидена казна од најмалку три години, па се до максималната од 20.
-Доколку пак ДУИ или било која друга политичка партија оди до таму, па и со употреба на сила и присилба и да ги своите активисти и членови да ги присилува да ги бојкотираат изборите или да го употребуваат или не го употребуваат своето право, тоа претставува и злоупотреба на избирачко право што е казниво по член 160, која ја носи истата казна од најмалку три години или ако се користи насилство или такви насилни мерки е најмалку пет години затвор, изјави Митровски.
Без закана дека нема да дозволат поставување кутии на избирачките, со порака дека можеби нема да учествуваат на локалните избори излезе и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.
Според познавачите причините за ваквата реторика на ДУИ е тоа што нивниот рејтинг е во слободен пад, особено откако Артан Груби заврши на црната листа на САД, а потоа заработи и кривична пријава за тежок во милиони криминал, по што избега од државата. Поради избегнување да се соочи со правдата во бегство е и поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами.






