Компанијата ВЛАГ ШПЕД објави конкурс за вработување на тројца административни работници за поддршка на шпедитерски и логистички процеси во својата канцеларија во Тетово. Работното време е од 08:00 до 17:30 со пауза од 1 час и 30 минути, а нето месечната плата изнесува 800 €. Работните денови се од понеделник до петок, со слободни викенди и 20 работни дена годишен одмор.
Административните работници ќе бидат одговорни за обработка на документи, комуникација со клиенти и партнери и поддршка во организацијата на транспортни услуги.
Кандидатите треба да познаваат англиски јазик, да имаат одлично владеење со компјутер и Microsoft Office, додека познавањето на германски јазик се смета за предност. Одговорност, организираност, точност и тимска работа се клучни квалификации, а претходното искуство во слична позиција е пожелно, но не задолжително.
Компанијата нуди стабилно и професионално работно опкружување, можност за унапредување и професионален развој, како и редовна месечна плата.







