Бројот на загинати во ракетниот напад на руските војници на Кривји Рих се искачи на четири, а 30 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени, соопштија украинските власти. Повеќето од повредените се хоспитализирани, а 14 се во тешка состојба, пренесува Укринформ.
Во синоќешниот напад оштетени се 14 станбени згради, пошта, речиси дваесет автомобили, културна установа како и 12 дуќани. Шефот на регионалната воена управа Сергеј Лисак на Телеграм објави дека на повредените им е укажана сета неопходна медицинска помош.
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина претходно предупредија на употреба на руско балистичко оружје. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека на местото на нападот во Кривји Рих се спасени 19 лица, пренесува Танјуг.







