Кациги за контрола на дронови со пластичен експлозив.
Руските војници неодамна добиле пратка на посебни кациги за контрола на дронови – проблемот е во тоа што биле подесени да експлодираат чим се вклучат.
Непознати лица се обиделе да извршат саботажа на рускиот воен персонал со испраќање на серија од овие “наочари” долж хуманитарните линии, кои би се детонирале кога ќе се вклучат, пренесе руската агенција Tass.
Како што додале од агенцијата, ова го потврдил официјален претставник на руската компанија која се занимава со развој и испорака на опрема за електронско војување, Игор Потапов.
“Кога целата серија е отворена, во сите производи е пронајден спакуван пластичен експлозив”, додал Игор Потапов.
Тој ги повика воените лица на исклучителна внимателност при примање на хуманитарна помош од непознати.
“Посебно би сакал да напоменам и на сите да им пренесам дека за хуманитарна помош е секогаш потребна детална проверка доколку стигнува од непознати субјекти. Имаме доста луѓе кои се занимаваат со хуманитарна помош и сите се прилично познати, но кога ќе се појави некои хуманитарец со желба да помогне, тоа е сјајно, меѓутоа таквите луѓе мора детално да се проверат” изјавил Потапов.







