Првиот случај на инфекција со ламбда сојот на коронавирусот е регистриран во Долна Австрија кај турист од Перу, потврдија официјалните лица.
Ламбда сојот во моментов е најзастапен во Јужна Америка.
Еден турист од Перу беше позитивен на коронавирус на тест направен во општината Генцерндорф во близина на Виена и беше утврдено дека е заразен со ламбда варијантата.
Провинциските власти посочија дека пациентот бил веднаш изолиран, па затоа не заразил никого. По закрепнувањето, тој ја напушти Австрија.







