Дел од овие работи ги виделе само 50 луѓе во последните 500 години.
Џими Доналдсон, познат како Mr.Beast, го објави долгоочекуваното видео во кое тој и неговите колеги ги истражуваат пирамидите во Гиза. Снимката за неколку дена има 120 милиони прегледи.
Јутјуберот го најави видеото во декември минатата година, тврдејќи дека ги изнајмил пирамидите на 100 часа, што беше изјава која египетските власти брзо ја демантираа.
Египетското министерство за туризам и антиквитети објави тогаш порака на својата Фејсбук страница во која се наведува дека не му е дадена дозвола да ги изнајми пирамидите.
Наместо тоа, му било дозволено да снима надвор од работното време и ниту еден од историските простори не бил затворен за јавноста.
21-минутното видео започнува со Mr.Beast тврдејќи дека “на некој начин има неограничен пристап до сите големи пирамиди во Египет”.
Потоа објаснува што правеле во пирамидите, вклучувајќи и влегување во региони кои биле затворени за пошироката јавност.
Во текот на видеото, Mr.Beast и неговите пријатели беа придружувани од експерт-египтолог.
Џими и неговиот тим беа однесени на локации кои се достапни само за експертите и истражувачите, вклучувајќи ја и гробницата на Озирис, која е делумно потопена. Групата мораже да облече водени костими за да го истражи овој дел.
Египтолозите исто така ги однесоа Џими и неговите колеги во делот под Свингата. На крајот на видеото, групата е однесена во највисоката скриена комора, подрачје за кое се тврди дека го посетиле само 50 луѓе во последните 500 години.
Групата беше изненадена кога откри просторија полна со лилјаци.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што се работи:






