Синоќа од 22:45 часот пробиен е патот и кон хотелот „Молика“ на Пелистер со механизација на приватна фирма, која вели директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков ја завршила работата. Претходно интервенирала и механизација на Македонија пат и на битолска Нискоградба.
Синоќа интервенцијата била на потегот од Голема ливада-Детско орморалиште-Молила.
Снегот кој почнал да паѓа уште од петокот попладне, продолжил и саботата и неделата, до утринава околу 6 часот. Но, и во денешнте претпладневни часови има повремени врнежи.
На одредени места снежната покривна е и над еден метар.
Сега активностите ќе се насочат и кон подготовка на ски-терените на Копанки за скијање.











