Американските Федерални резерви за првпат годинава ја намалија основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, поставувајќи го новиот опсег меѓу 4 и 4,25 проценти. Одлуката е донесена поради зголемените ризици на пазарот на трудот, иако инфлацијата и натаму изнесува околу 3 проценти.
Истовремено, ФЕД ги ревидираше нагоре очекувањата за економскиот раст – од 1,4 на 1,6 проценти за 2025 година.
Од 12 членови со право на глас, 11 ја поддржаа одлуката, додека само Стивен Миран, новиот член и сојузник на претседателот Доналд Трамп, побара подрастично намалување – во согласност со барањата на Трамп за пониски каматни стапки.






