Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата

by
2024-12-02
in Uncategorized

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Според нејзините зборови, во последните месеци од страна на одредени политичари и тоа од собраниската говорница, се правеле обиди за нарушување на нејзиниот интегритет. Го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски.

„Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување, истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе – претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава“, кажа Дамева.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Претседателката на Судскиот совет го истакна и името на пратеникот Антионио Милошоски. Според неа, биле изречени сериозни закани за кривична одговорност, толкувајќи една правна ситуација, која според неа, е далеку од правото и правната доктрина. Таа информира дека најтешко што ѝ паднало што „нарачани текстови се споделувале по одредени портали со соддржина за да се оцрни и да биде прикажана како влијае во судски постапки“.

„Кога совеста ти е чиста, ништо не може да ти го наруши сонот. Се спротивставив на тогашната власт, се спротивставувам и на оваа. Останувам како член на Советот, секако доколку тоа не ми биде скратено предвреме. После директните закани, нема да ме изненади дека тука ќе се запре и убедена сум дека нема да имам мир. Останувам љубопитна да видам на кој начин и преку која институција ќе се спроведе тоа. Тоа ќе го издржам, но нема да можам да издржам ако се посегне по безбедноста на моето семејство“, додаде Дамева.

Previous Post

ПРОБИЕН ПАТОТ КОН ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“ НА ПЕЛИСТЕР

Next Post

Следниот викенд е продолжен – еве што ќе се празнува!

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Следниот викенд е продолжен - еве што ќе се празнува!

Recommended

ОДЗЕМЕНА лиценцата за работа на Беса Транс, КОЈ ИМ ДОЗВОЛИЛ да возат !?

Вратите ЗАТВОРЕНИ, на телефон не се јавува никој: Неуспешен обид за вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

4 years ago

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

11 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.