Во рамките на климатскиот самит во Баку, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, денеска се сретна со претставници на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика, Артур Лорковски.

На средбите се разговараше за важни теми како што се енергетската транзиција, заштитата на животната средина, интеграцијата на пазарите за природен гас и поддршката за премин кон зелени извори на енергија. Божиновска истакна дека напредокот во овие области е клучен за стабилна и одржлива иднина на регионот и ја потенцираше посветеноста на Министерството во спроведување на оваа амбициозна агенда.






