„Јас разбирам дека некои опозициски партии мислат дека на тој начин ќе привлечат повеќе внимание. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата што ја води, секогаш се подготвени, но тоа не е суштината. Ние треба да го реализираме она што им е потребно на луѓето.
„Имаме локални избори следната година, граѓаните на тие локални избори ќе покажат дали се потребни или не парламентарни избори. Ако се потребни и парламентарни избори, можеме да ги организираме веднаш по тоа. Ако тие кажат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиле црвен картон, ако ги изгласаат градоначалниците од ДУИ и СДСМ, тогаш пораката е јасна и ние нема да ја игнорираме таа порака. Така што, првиот тест ќе бидат локалните избори следната година, ако коалицијата Левица – СДСМ – ДУИ го победи владиниот коалициски состав, тогаш немаме што да дискутираме овде,“ изјави премиерот Мицкоски.






