На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. (30) од Скопје. При вршење на увид на сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Нов живот“, во која учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Б. и патничко возило „цитроен“, управувано од Е.Р.(22), при што сопатничката во возилото „цитроен“ М.С.(23) се здобила со телесни повреди, било утврдено дека Б.Б. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






