Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Директори на Пошта си ја зголемиле платата за над 50 проценти, загубите не им пречеле: Катастрофални наоди од државниот ревизор

by
2024-11-14
in Uncategorized

Бујаре Абази, која на функцијата генерален директор и претседател на УО дошла на 13 март 2023 година, веднаш се фатила за работа – си ја зголемила платата, ама им поделила повисоки плати и на вработените од првиот ешалон. На крајот од 2023 година, Пошта завршила со негативен резултат од 2,2 милиони евра!

Во последните седум години, акционерското друштво Пошта на Северна Македонија во континуитет прави загуби, отстапува од европските стандарди за давањето поштенски услуги, има еден куп кредити, набавува без спроведени јавни набавки… Ова се само дел од наодите што ги констатирал Државниот завод за ревизија.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ревизорите констатирале и дека „во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето-плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно“. Ова значи дека Бујаре Абази, која на функцијата генерален директор и претседател на УО дошла на 13 март 2023 година, веднаш се фатила за работа – си ја зголемила платата, ама им поделила повисоки плати и на вработените од првиот ешалон. На крајот од 2023 година, Пошта завршила со негативен резултат од 2,2 милиони евра! Ревизорите потсетуваат дека ова е спротивно на Законот за трговски друштва каде што децидно пишува: „Во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор, може да се намалат“.

За седум години акумулирана загуба од 17 милиони евра

Во Извештајот се забележува дека континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај.

Од 2017 година, заклучно со 2023 година АД Пошта има акумулирана вкупна загуба од околу 17 милиони евра. Пред тоа, имало години кога имало добивки, а имало и години со загуба. Во континуираниот период на загуби, најлоша е 2022 година во износ од над 3,7 милиони евра.

Во случај кога трошоците се повисоки од приходот остварен од обезбедувањето на универзалната услуга во претходната година, АД Пошта на Северна Македонија има право на надоместок од Компензацискиот фонд, но за да го оствари ова право мора да води посебно сметководство за универзалната услуга, за резервираните услуги, како и за другите поштенски услуги што ги обезбедува. Ревизорите утврдија дека вакво сметководство не е воспоставено поради што досега не е поднесено барање до Агенцијата за остварување на правото за надоместок на нето трошоците.

Ненавремена достава на пратки

Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7 отсто од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5 проценти биле доставени во период подолг од три дена.

„Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки, велат ревизорите“, пишува ДЗР.

Во 2023 година, Агенцијата за пошти спровела истражување за задоволството на корисниците на поштенските услуги и 79 отсто од граѓаните и 80 отсто од формите се изјасниле дека брзината на доставата на пратките е главна причина поради која се определиле за друг поштенски оператор.

Многу често во јавноста се пласира веста дека нема доволно поштари. Но, ДЗР открива дека „друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување други административни задачи“.

До гуша во кредити и камати

Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушува ликвидноста, велат ревизорите. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 3,6 милиони евра, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 1,6 милиони евра и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 2 милиони евра. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 109.000 евра.

„Сите земени кредити се со висока каматна стапка, која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%.“, истакнал Државниот завод за ревизија.

Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, Пошта требало да плати 380.000 евра, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со камата од над 32.000 евра.

За студија за подобро работење платени 795.000 евра

Министерството за транспорт не донело Стратегија за развој на поштенските услуги, која треба да биде усвоена од Собранието на Република Северна Македонија. Во 2021 година, за спроведување длабинско снимање на работењето на АД Пошта на Северна Македонија и изготвување физибилити студија, биле исплатени 795.000 евра. Иако АД Пошта на Северна Македонија располага со направената студија, таа не се применува.

„Со извршената ревизија се констатирани и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат врз изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива. За надминување на констатираните состојби, дадени се препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите“, заклучуваат ревизорите.

Извор: Слободен Печат

Previous Post

Ѓорѓиевски: За првпат после половина век, улицата „25“ во Припор добива фекална канализација и нов асфалт

Next Post

Мицкоски му стави крај на темата за парламентарните избори

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Мицкоски му стави крај на темата за парламентарните избори

Recommended

Им кажа збогум на хемотерапиите – Ѓурѓица силно удри на ѕвончето, за сите да ја слушнат нејзината победа (ФОТО)?

Им кажа збогум на хемотерапиите – Ѓурѓица силно удри на ѕвончето, за сите да ја слушнат нејзината победа (ФОТО)?

4 years ago
70-годишна жена приведена поради кражба на Градскиот пазар во Велес

Онлајн работа ја чинеше 95.000 денари – штипјанка измамена преку социјални мрежи!

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.