Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода, отвори нова Канцеларија за социјална поддршка на млади брачни парови – прва од ваков вид во Македонија, специјално наменета за жителите на Кисела Вода.
Оваа иницијатива претставува резултат на успешната соработка со Здружението на социјални работници, кое обезбедува стручни лица за поддршка, додека општината го обезбеди просторот во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Целта на оваа канцеларија е да им понуди бесплатна и професионална помош на младите брачни парови, кои се соочуваат со предизвиците на семејниот живот.
Работењето на канцеларијата е фокусирано на превенција и рано справување со семејните недоразбирања, со надеж дека ќе помогне во намалувањето на стапката на разводи. Преку индивидуален пристап, секое семејство ќе добие целосна и персонализирана поддршка, а канцеларијата ќе работи секоја среда и сабота, со претходно закажување.
„Веруваме дека оваа иницијатива ќе стане позитивен пример и ќе инспирира и други општини да вложат во поддршка за младите семејства,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Со оваа канцеларија, општина Кисела Вода продолжува да го покажува својот ангажман за подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани и за создавање стабилна и среќна заедница.







