Во телевизиската емисија „Само Вистина“ на Канал 5, Илија Димовски направи детална анализа на дебатата за балансерот, нагласувајќи истовремено и за значењето на решавањето на подзаборавените проблеми што ја нарушуваат функционалноста на државата.
“Нема потребно е да се поставуваат работите од аспект дека ако нема балансер, нема да има застапеност на албанците. Дилемата е, дали првиот критериум е квалитет, а вториот е етничка припадност или обратно.
Што е разликата? Ако е првиот критериум квалитет, тогаш во ситуација во која што албанец и македонец би имале ист квалитет, но албанците се помалку репрезентирани или македонците, да има предност едниот или другиот. Но ако се еднакво квалитетниот. Другиот модел на решавање на овие проблеми, во секој случај влегува македонецот, ако се помалку македонците или албанецот, без разлика каков квалитет носи со себе. И таа дебата е на квалитет која што никогаш нема да се расчисти. И секогаш кога ќе се обидуваме да внесуваме бројки во оваа дебата, влегуваме во броење на крвни зрнца што не треба да ни биде начин. Втора работа, веќе навистина, не треба да разговараме за вработување во државниот сектор и во јавниот сектор. Ние треба да отвориме дебата за намалување на државниот сектор и јавниот сектор.
Нас трошоците кои што ги правиме во буџетското финансирање на државниот и јавниот сектор, на јавни претпријатија кои што се тотално нефункционални. Во Македонија има 7-8 пошти само една е нерентабилна, државната. А претпријатието за стопанисување со стамбени и делове и простор ни е во минус. Немаат никакви трошоци, освен да собираат кирија од станови и од продавници кои што ги има државата во сопственост. Електростопанство е во ужасна ситуација, Македонски шуми, Македонијан пат исто така.
Треба да зборуваме за програмите, за луѓето кои се во тој сектор, да ги внесеме воприватниот сектор, да создаваме подобар производ, да создаваме подобар квалитет.
Нас ни е измеслена дебата. Додека ние зборуваме со години за балансери, за етнички прашања, немаме железница во државата. Мојот град, Велес, пред 150 години, имаше интернационална линија во железнички сообраќај. Денеска, после 150 години, нема. Зашто зборуваме? Џубрето не можеме да си го собереме од улиците. За што зборуваме? Сега ние решаваме некои тешки филозофија.”







