Златото повторно во фокусот: Сигурна инвестиција во несигурни времиња
Во време на глобална несигурност, геополитички тензии, инфлација и вооружени конфликти, златото повторно се наметнува како најсигурна инвестиција.
Последните години донесоа значителен раст – над 85% зголемување на цената, од кои 37% само во последната година, а речиси 24% во последните шест месеци. Во изминатиот месец, цената е стабилна со минимални осцилации, што уште еднаш ја потврдува неговата отпорност на пазарни шокови.
Иако традиционално се сметаше за долгорочна инвестиција, сè повеќе аналитичари истакнуваат дека златото станува и атрактивна можност за краткорочна добивка. Се очекува нов скок во цената, можеби поголем од досегашните.
Сè повеќе македонски граѓани веќе вложија во злато, а интересот расте. Тековната стагнација може да биде само вовед во нов раст. За оние кои сè уште размислуваат – можеби сега е вистинскиот момент. Златото останува симбол на стабилност во нестабилен свет.







