Македонецот Мартин Сипковски, поранешен ракометар на Вардар во младинските категории, загина во експлозија што на 1 октомври го погоди центарот на Белград, на улицата Косовка, само неколку метри од зградата на Народното собрание.
Сипковски последните години беше активен во модниот свет. Според српските медиуми, несреќата се случила поради невнимателно ракување со експлозивна направа, за која се претпоставува дека била подготвувана за ликвидација на познат наркодилер.
Од силната детонација, станот на Сипковски е целосно уништен, а оштетувања претрпеле и два соседни стана во зградата.
Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста, а истрагата за причините и потеклото на експлозивната направа продолжува.






