Во текот на два дена, на подрачјето на СВР Велес се регистрирани два случаи на измама преку социјални мрежи, при што жени биле измамени додека барале стан за изнајмување.
На 2 октомври, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена за 28.400 денари. Таа се зачленила во група на социјална мрежа за да најде стан во Скопје и била контактирана од лице со иницијали Н.П. По договор, таа ја уплатила сумата електронски, но лицето станало недостапно, по што сфатила дека била измамена.
Истиот метод бил користен и на 1 октомври, кога 42-годишна жена од Велес била измамена за 15.000 денари за стан во Велес.
Поради појавата на овој нов вид измами преку електронски уплати, СВР Велес апелира до граѓаните да бидат внимателни при комуникација со непознати лица на социјалните мрежи и платформи за комуникација, особено кога се бараат финансиски трансакции. Сите сомнителни случаи треба веднаш да се пријават во полиција.







