На социјалната мрежа Твитер излегоа нови снимки од граѓанин кој на социјалната мрежа Тик Ток си постирал снимки како вози со брзини икои достигнуваат и до 290 километри на час.
Ова не е прв пат граѓани на Тик Тик да се „фалат“ со возење брзо по улиците низ Македонија. Сакаме да предупредиме дека ваквото однесување по улиците и булеварите може за некого да биде погубно.
Оваа година од МВР од започнување на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43170 санкции од кои: 7404 за пречекорување на ограничувањето на брзина на движење, 615 за поминување на црвено светло, 7306 за управување без возачка дозвола, 5829 за нерегистрирани возила, 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.
Иако се бележи намалување и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди односно во месец ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година 37, што претставува намалување за 47%. Сепак бројни се примерите кои секојдневно ги гледаме по улиците за жртви или повредени во сообраќајот.
Граѓани внимавајте !






