Полициски службеник од Тетово е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило БМВ со косовски регистарски ознаки, додека вршел службена должност. Несреќата се случила на 2 октомври 2025 година околу 20:00 часот на регионалниот пат Пирок–Тетово, во селото Мала Речица.
Според информациите од СВР Тетово, возилото го управувал 22-годишниот А.С. од Косово, кој удрил во 26-годишниот полициски службеник С.А. од с. Шипковица. Полицаецот обезбедувал место на претходна сообраќајна незгода кога дошло до новиот инцидент.
Повредениот полициски службеник е пренесен во Клиничката болница Тетово, каде лекарите ги констатирале неговите повреди.
По наредба на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на несреќата, а истрагата за случајот продолжува.






