По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Крушево против едно лице за кривично дело демнење, согласно член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, во периодот од август 2023 до август 2025 година, повторено ја следел и прогонувал својата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт. Тој психички ја злоупотребувал, вознемирувал и застрашувал, предизвикувајќи кај неа чувство на несигурност и страв.
Жената била континуирано контактирана преку телефон и навредувана, а понекогаш и заканувана по живот. Обвинетиот се обидувал да влезе во нејзиниот дом и често се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи.
Бидејќи не ги почитувал мерките на претпазливост кои му беа определени, јавниот обвинител покрај обвинението поднел и посебен предлог за определување мерка притвор.







