Шпанскиот ас Марк Маркез е новиот шампион во Мото ГП, иако до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
На утринската трка за Големата награда на Јапонија, Маркез стигна до второто место зад Франческо Бањаја, резултат што беше доволен за да ја обезбеди титулата во „Кралската класа“.
За возачот на „Дукати“ ова е седма шампионска круна во Мото ГП, прва по 2019 година. Со новиот успех тој се израмни со легендарниот Валентино Роси, додека пред нив останува само Италијанецот Џакомо Агостини со осум титули.
Маркез досега има освоено вкупно девет светски титули – покрај седумте во Мото ГП, тој е шампион и во класата до 125cc (2010) и во Мото2 (2012).
Сезоната продолжува со трките во Индонезија, Австралија, Малезија и Португалија, но шампионската трка веќе е завршена во корист на Шпанецот.






