Џенифер Лопез откри детали за разводот со актерот Бен Афлек во интервју за емисијата „CBS News Sunday Morning“, каде што призна дека разделбата ја доживеала како пресвртна точка во својот живот.
„Беше најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Тој ми помогна да растам на начин на кој требаше да растам“, изјави 56-годишната пејачка и актерка.
Интересно е што токму Афлек, кој има 53 години, е извршен продуцент на новиот филм на Лопез „Kiss of the Spider Woman“. Филмот премиерно беше прикажан на фестивалот „Санденс“ во јануари, месец во кој поранешната двојка официјално го заврши својот брак.
Лопез се потсети дека снимањето се случувало во период кога нејзиниот приватен живот бил исполнет со турбуленции. „Беше многу тешко. Секој момент на снимањето беше радост, а дома не беше баш најдобро. Се прашував себеси: ‘Како да функционирам во ова?’“ – откри таа.
Љубовната приказна на Лопез и Афлек започна во 2002 година, кога се свршија, но врската заврши две години подоцна. По речиси две децении повторно се соединија во 2021 година и се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година, со дополнителна церемонија во Џорџија. Сепак, во 2024 година Лопез поднесе барање за развод поради „непомирливи разлики“.
Денес, Лопез е целосно фокусирана на својата кариера и промоцијата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“, кој го нарекува свој страствен проект. „Таа долго време го чекаше овој момент. Среќна е и благодарна за својот живот“, изјавил извор близок до пејачката.







