Во Кавадарци, 36-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг, М.Б. (35), во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. Таа дополнително изјавила дека во нејзиното возило пронашла ГПС локатор, кој сопругот го поставил за да ја следи.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, по пријавата бил извршен службен разговор со осомничениот, а локаторот бил одземен. На М.Б. му е изречена мерка – забрана за приближување.
Случајот е предаден на понатамошна постапка.






