Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија нема да ја поддржи иницијативата за признавање на палестинската држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации во септември.
Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец најави дека Канада ќе ја признае Палестина, следејќи ги чекорите на Франција и Велика Британија.
„Ставот на федералната влада е јасен – Германија нема да се приклучи кон оваа иницијатива. Не сметаме дека условите за признавање се исполнети,“ нагласи Мерц.






