Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, без да открие детали за начинот на кој тоа ќе се постигне.
Тој нагласи дека интензивно комуницира со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кого му порачал дека војната мора наскоро да биде завршена. „Во следните две до три недели ќе имаме конечен исход,“ изјави Трамп пред новинарите.
Според него, САД и Израел продолжуваат со притисок врз Хамас за ослободување на преостанатите заложници, додека американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, работи на обезбедување хуманитарна помош за Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио додаде дека Вашингтон очекува крајот на конфликтот да биде постигнат без учество на Хамас.






