Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник истакна дека останува внимателен и загрижен пред средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, организирана од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Дали ова би можело да биде конечен исход? Останувам многу внимателен“, изјави Макрон, додавајќи дека има сериозни сомнежи во намерата на Путин да постигне мир. „Неговата крајна цел е да заземе што е можно повеќе територија, да ја ослаби Украина и да создаде ситуација каде Украина не може да се одржува самостојно или во рамките на руската сфера на влијание. Ова е прилично јасно за сите“, нагласи францускиот претседател.
Макрон истакна дека американскиот претседател и Украина искрено сакаат мир, но дека доколку преговорите не успеат, санкциите против Русија ќе мора да се зајакнат за да се притисне Кремљ да се врати на преговарачката маса.
Тој додаде дека денешниот договор претставува само еден чекор во процесот и дека е задоволен од постигнатиот напредок во однос на ситуацијата од пред неколку месеци. Францускиот лидер потенцираше дека за обезбедување на траен мир е потребна силна украинска армија, како и значајни копнени, воздушни и поморски сили подготвени од сојузниците за Украина.







