Протестите низ Србија сè почесто прераснуваат во судири меѓу полицијата, приврзаниците на владејачката Српска напредна странка (СНС) и граѓаните, а насилството врз демонстрантите предизвикува голема загриженост. Најновото видео, снимено во Нови Белград, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
На снимката се гледа група од дваесетина полицајци во опрема за разбивање демонстрации како приведуваат маж кој лежи на земја. Во исто време, еден полицаец му довикува на граѓанинот кој се обидува да избега: „Каде бега, врати се да те е**м!“, додека колегите стојат настрана.
Коментарите на корисниците на интернет не престануваат да пристигнуваат:
„Само Бог знае кој се крие под таа униформа, тажно“ „Психички нестабилна личност со оружје“ „Палица, пиштол, штит, шлем, оклоп и десет колеги околу него… ајде да дојдеш.“
И покрај редовните соопштенија на Министерството за внатрешни работи и обраќањата на министерот Ивица Дачиќ за бројот на повредени полицајци и приведени демонстранти, јавноста сè уште нема одговори за употребата на сила и начинот на комуникација со граѓаните. Граѓаните се прашуваат: дали се тоа полицајци или хулигани во униформи?







