Унгарскиот премиер Орбан ја критикува улогата на Зеленски: „Комичар кој го игра претседателот“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предизвика нови реакции со неговите критики упатени кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за YouTube каналот „Домољуб“, Орбан изјави дека Зеленски не е вистински државник, туку „комичар кој го игра претседателот“.
Во разговорот за своите дипломатски посети во изминатата година, кои ги вклучува Украина, Русија, Кина и САД, Орбан посочи дека неговата главна цел била да започне мировна иницијатива за конфликтот во Украина. Сепак, според него, Киев ја одбил оваа понуда и не покажал интерес за сериозен дијалог.
Премиерот го опиша Зеленски како дел од новата генерација политичари кои повеќе се водат од јавни настапи отколку од политички капацитети, истакнувајќи дека неговото претходно искуство како актер и комичар не му помага во управувањето со кризата, особено за време на војната.
Орбан додаде дека не успеале да дискутираат за клучните прашања поврзани со иднината на регионот, што дополнително ја зголемило дистанцата помеѓу Унгарија и Украина во однос на конфликтот.







