Македонец и научници од New York со истражување најдоа решение за подобар третман на пациентите од Ковид, еве го неговиот статус со кој го соопшти истражувањето. Огромно браво Жарко само продолжи:
Ми претставува големо задоволство да го споделам моето најново истражување на вирусот SARS-CoV-2 (што предизвикува COVID19) кое само што беше објавено во престижното научно списание Cell (“Клетка”). Со помош на CRISPR скрининг биотехнологија откривме кои гени од човековиот геном се потребни за вирусот SARS-CoV-2 да ги инфицира човековите клетки. Таргетирање на овие гени со различни методи (како CRISPR, RNAi, мали хемиски молекули) доведува до ефикасно спречување на вирусната инфекција на човекови клетки. Се надеваме дека нашето истражување ќе придонесе до развивање на подобри третмани за пациентите со COVID19. Истражувањето беше извршено во соработка со научници од New York University, NY Genome Center и Mount Sinai. Целосната студија може да се прочита тука: tinyurl.com/y6f2n54h







