Поддржувачот на политиките на власта и премиерот и аналитичар од граѓанскиот сектор, Ненад Јовановиќ, кој е чест гостин по дебатните емисии, во синоќешното издание на “Само вистина”, кажа нешто за кое денеска му се смее цела Твитер заедница.
На Јовановиќ му се чинело дека политиките кои ги заговара новиот американски претседател Џозеф Бајден, се идентични со политиките на Зоран Заев.
Ми се чини дека политиките што ги заговара Бајден се идентични на политиките на Заев!
После ова следуваше смеа во студиото од неговиот противник во дебатата, Александар Пандов, како и од водителката на емисијата.







