„Meѓу многуте честитки, што ги доби Косово по повод 17-години од прогласувањето на неговата независност, пристигна и една посебна честитка од неколку скијачи од скијачкиот центар Попова Шапка кај Тетово. Тие скијачи развија џиновско знаме на Косово додека се спуштаа на скијачката писта. ‘Честитки по повод независноста, со среќа Косово.’ – гласеше честитката од овие скијачи.“ – ова го објавија ТВ Алсат и други медиуми на албански јазик.
Во веста се дополнува: „Знаме на Косово беше поставено и на жичарницата.“






