Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НАТО членките воведуваат задолжителен воен рок? “Русите знаат – нашата реакција ќе биде разорна”

by
2025-07-07
in Uncategorized
НАТО членките воведуваат задолжителен воен рок? “Русите знаат – нашата реакција ќе биде разорна”

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Њујорк Тајмс“ најави дека земјите членки на Алијансата ќе почнат да воведуваат задолжителна воена служба како одговор на зголемената руска закана. Тој посочи дека многу држави ги зајакнуваат своите граници и го зголемуваат буџетот за одбрана, согласно договорот на последниот самит на НАТО.

Руте истакна дека не се загрижува поради трката во вооружувањето меѓу Европа и Русија, но дека тоа може да претставува предизвик за целата Алијанса. „Мораме да обезбедиме дека одвраќањето постои. Коментарите на Лавров се доказ дека тоа функционира. Русија е целосно подготвена за војна – ја зголемува својата армија, инвестира во тенкови, системи за противвоздушна одбрана, артилерија и муниција“, рече Руте.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во врска со воведувањето на воен рок, тој нагласи дека одлуката е на секоја земја поединечно. „Некои веќе имаат задолжителна служба, како Финска, додека други не. Но, тоа ќе значи и подобра плата за војниците. Најголем предизвик ни е развојот на одбранбената индустрија, која е слаба во целата Алијанса. Недостасува производствен капацитет за оружје, што е клучно за да се осигураме дека можеме да одвратиме секој потенцијален напад“, објасни Руте.

Тој ја коментираше и неодамнешната вежба во Естонија, која беше наменета за тестирање на подготвеноста за евентуална руска инвазија. „Она што го опиша ‘Њујоркер’ е точно, но тоа не е аларм, туку дел од нашите планови. Ако Естонија биде нападната – а Русите тоа го знаат – нашата реакција ќе биде разорна. Не можам да откривам детали, но Путин ги следи овие активности. Мораме да бидеме сигурни дека не само што ги имаме плановите, туку и доволно луѓе и опрема за нивна поддршка. Затоа мора да вложуваме повеќе“, порача Руте.

Тој нагласи дека Естонија не е сама, туку дека НАТО и САД ќе ѝ пружат целосна поддршка во случај на напад. „Путин тоа го знае и затоа денес нема да ја нападне Естонија, но тоа може да се случи во следните пет до седум години ако не ги направиме овие дополнителни вложувања“, заклучи генералниот секретар на НАТО.

Previous Post

Полицијата во Македонија не запира! Еве колку казни се напишани само за овој викенд!

Next Post

Еве што доби победникот на “Ѕвездите на Гранд”: Една награда му е посебно важна

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Еве што доби победникот на “Ѕвездите на Гранд”: Една награда му е посебно важна

Еве што доби победникот на "Ѕвездите на Гранд": Една награда му е посебно важна

Recommended

Орбан испрати сериозна порака до претседателката Фон дер Лајен

Орбан испрати сериозна порака до претседателката Фон дер Лајен

3 months ago
Медински: „Невозможно е да се води долга војна со Русија“

Медински: „Невозможно е да се води долга војна со Русија“

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.