Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот профил на социјалните мрежи остро реагираше на вчерашниот извештај на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Орбан го оцени говорот на фон дер Лајен како „виртуозен, про-воен и политички“, истакнувајќи дека Украина била спомната дури 35 пати. „Таа им се закани на сите: секој што нема да се приклучи на бриселското јато ќе го изгуби целиот европски фонд. Ние одговоривме. Попладнево поднесовме предлог за недоверба: Фон дер Лајен мора да замине!“ – напиша Орбан.
Премиерот додаде дека следуваат тешки политички периоди и „крвави дебати“, истакнувајќи дека промени ќе има, сакаат тоа или не, а клучно е како Унгарија ќе одговори.
„Бриселскиот или унгарскиот одговор? Сè зависи од тоа каква ќе биде нашата земја – конкурентна, независна, пријателска кон семејствата, мирна и безбедна. Или, пак, онака како што предлагаат партии под влијание на Брисел: високо оптеретена со даноци, промигрантска, про-воена и про-украинска Унгарија,“ предупреди Орбан, додавајќи дека ваквата поделба станува сè појасна.






