Гужви на „Богородица“: За влез во Грција се чека и до еден час
Утрово на граничниот премин „Богородица“ се создаде голема гужва, при што времето на чекање за излез од Македонија и влез во Грција достигнува до еден час. Колоните од возила постојано се зголемуваат, што е јасно видливо и од безбедносните камери на преминот.
Зголемениот интензитет на сообраќајот е резултат на претстојниот викенд, кога голем број граѓани патуваат кон грчките летувалишта. Најголем дел од возилата имаат македонски регистарски таблички, а гужвата се очекува да трае и во текот на денот.
За разлика од „Богородица“, граничните премини кон Србија утрово бележат значително помал интензитет на сообраќај, без подолги задржувања на влез и излез од државата.







