Турција: Уапсени тројца опозициски градоначалници под сомнение за организиран криминал
Турските власти рано утрово уапсија тројца градоначалници од редовите на опозицијата, како дел од тековна истрага за наводна вмешаност во организиран криминал, јавуваат локалните медиуми.
Според државната новинска агенција Анадолија, меѓу уапсените се градоначалниците на Адана, на југот од земјата, и Адијаман, на југоисток.
Медиумите пренесуваат дека е приведен и градоначалникот на Анталија, еден од најголемите туристички центри во Турција.
Засега не се објавени дополнителни информации за конкретните обвиненија или за текот на постапката.






