Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, отворено го критикуваше Арбен Таравари за неговите колебливи ставови кон коалицисијата ВЛЕН, истакнувајќи дека поголемиот дел од членовите на Алијансата за Албанците се против секоја блискост со ДУИ.
„Таравари некогаш се претставува како дел од ВЛЕН, некогаш како партнер на ВЛЕН, а некогаш покажува подготвеност за соработка со ДУИ. Ова мора да се разјасни пред јавноста, бидејќи соработката со ДУИ од страна на Таравари претставува најголем проблем за коалицијата. И во самата Алијанса, мнозинството не ја поддржува оваа насока, бидејќи Алијансата е изградена на основа на спротивставување на политиките на ДУИ повеќе од 20 години“, истакна Меџити во централниот дневник на Алсат М.
Според Меџити, како можните преговори со Али Ахмети така и можноста Таравари самостојно да настапи на локалните избори се чекори што директно му служат на ДУИ и го штетат политичкиот концепт на ВЛЕН.





