Петтата епизода од најдовата сезона на серијата „Краун“„, под наслов „Пат напред“ завршува со сцена со брејкденс на тогашниот принц Чарлс на добротворна акција, и, верувале или не, тој момент во емисијата е заснова на нешто што навистина се случило.
Меѓутоа, постои една клучна работа која не е прикажана во серијата онаква каква што навистиан е,а тоа е тајмингот. Моментот со брејденсот во серијата е сместен во 90-тите години од 20. век, но всушност се случил во претходната деценија.Чарлс на 29. март во 1985 година присуствувал на работилница која ја организирала добротворната организација што ја основал Принцовиот фонд, во селото Мидлтон на море. Според приказната на Прес асосиејшн, Чарлс го „убедиле да се обиде во брејкденс со три младили, ги придвижувал нзоете во бавна роботка имитација, па дури и паднал на колена“, пренесува Базфидњуз.
Моментот го забележале фотографи и видео камерите, а Здружението за печат два дена подоцна објави статија во која вели:„По разговорот со бројни млади луѓе, принцот отиде во нивната дискотека, каде што замрачената просторија, трепкавите светла и бучавата претставуваа проблем за кралското обезбедување. Слабо облечените девојки биле затоврени по соби додека принцот го гледал танцувањето.
Тогаш русокосата 20-годишна Ники Ругланд му пријде на принцот и му рече, ‘извинете господине, би сакале да танцувате?’
‘Да, одговори принцот во темен костим, кој отиде на подиумот за игра и праша:Како се вика оваа музика?’
‘Диско, господине’, одговорила Ники додека танцувале. Ники добила впечаток дека принцот е добар во танцување.
Дваесетиедногодишниот Двејн Смит од Ирска, кој танвувал брејкденс со уште двајца младичи го наговорил принцот кој напочетокот бил невоел да им се придружи.
Тој рекол, ‘Не’, тој не може да го прави тоа, но јас реков:Ајде, кажал Двејн.
„Тој е многу добар. Неговото движење на нозете е правилно.”“







