Најтоплиот град во Европа утринава е Ајдин во Турција со 40,6 степени Целзиусови
Според податоците од Ogimet, интернет платформа која собира и обработува метеоролошки информации, највисока температура во Европа утринава е измерена во Ајдин, Турција – 40,6 степени Целзиусови. Во светски рамки, најтопло било во Кувајт, каде температурата достигнала 49,6 степени.
Покрај Ајдин, уште шест турски градови се најдоа меѓу десетте најтопли во Европа: Килис (40,3), Анталија (40,2), Маниса (40,2), Дикили (40), Батман (39,9) и Кахраманмараш (39,8).
Меѓу градовите со високи температури се и Лефконико на Кипар (40,6), Каспе-Плана дел Пилон во Шпанија (40,1) и Клермон во Франција (39,8).
На спротивната страна, најладно место во Европа утринава е Консај во Норвешка, каде температурата паднала на минус 2,3 степени. Во топ десет најладни места доминираат градови од Норвешка и Шведска.
Во светски рамки, покрај Кувајт, високи температури се забележани и во Оман и Пакистан, додека најстудено било на Антарктикот со температура од минус 70,9 степени.






