Политичката партија ВЛЕН, која е дел од актуелната владејачка коалиција, денеска соопшти дека ја поддржува посветеноста на стратешките партнери за зачувување на регионалната и глобалната безбедност.
„Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта“, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВЛЕН додаваат дека Северна Македонија останува посветен партнер на САД, НАТО и Европската унија, потенцирајќи ја важноста на стабилноста и дијалогот во денешниот свет.
„Северна Македонија е посветен партнер на САД, НАТО и ЕУ. Нам ни треба свет во кој безбедноста и дијалогот се вредности што никој не смее да ги руши“, се вели во партиското соопштение.







