Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи именувал тројца високи верски лидери како можни наследници во случај да загине во конфликт со Израел, пренесува „The New York Times“ повикувајќи се на ирански извори запознаени со плановите на Хамнеи.
Според истите извори, Хамнеи кој сега дејствува од безбедна подземна локација и комуницира преку доверлив помошник, именувал и резервни лица за клучни воени позиции во случај да бидат убиени високи команданти.
Во извештајот се наведува дека синот на ајатолахот Хамнеи, Мојтаба, кој има блиски врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда и претходно беше споменуван како можен кандидат за наследник, не е меѓу предложените.
Идентитетот на трите можно наследници не е откриен, но овој чекор се толкува како обид за обезбедување брза и организирана транзиција на власта преку Собранието на експерти, доколку врховниот лидер биде убиен или неочекувано почине.







